„Фајнл фор“ на БИБЛ во Самоков

Од:

Завршниот турнир на БИБЛ лигата ќе се одржи во бугарскиот град Самоков. Ова синоќа е објавено на официјалната интернет страница на БИБЛ лигата, по состанокот на Извршниот директор на лигата Асен Христов и на спортскиот директор Шај Штрикс со организаторите.

Самоков и екипата на Рилски Спортист по вторпат ќе бидат домаќини на завршниот турнир. Првиот „фајнл фор“ во 2009 година се одржа токму во овој град.

Според програмата, во полуфиналето на 19 април ќе играат Куманово и шампионот Галил Гилбоа од Израел.

Поради правилото две екипи од иста држава да играат во полуфиналето домаќинот Рилски Спортист ќе игра против Левски, екипа која имаше најдобар биланс во групата „најдобрите 6“.

Победниците на 21 април ќе играат во финалето.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ