А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Конзерваторски работи во уникатната сала Длаборез во Собранието

by А1он06/04/2013 - 10:43233
Share0

Историја, традиција, Македонија… Со овие три збора може кусо да се опише најрепрезентативната и една од најубавите простории во Македонија, во која на гости биле стотици луѓе од светот. Салата Длаборез во Собранието е комплетно обложена со ореово дрво поделени на геометриски полиња, каде се аплицирани во резба различни геометриски, вегетабилни и зооморфни стилизирани мотиви, втемелени на народната уметност и традиција.

Добивај вести на вибер

Оваа просторија, сега е дел од Кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а претходно и на поранешните претседатели на Македонија Бранко Црвенковски, Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Првпат по 1938 година, кога се завршени работите во оваа Сала во резба, се изведуваат конзерваторски работи и тоа во рамките на реконструкцијата, адаптацијата, надградбата и доградбата на Собранието.

Зградата на Собранието на Република Македонија е една од најмонументалните градби во Република Македонија, за која во 1930 година бил распишан и конкурс за проектирање, а изградена е во 1938 година по проект на чешкиот архитект Виктор Ј. Худак. Од вградената орнаментална содржина, најинтересен дел е обработката на кабинетите и ентериерот, проектирани-дизајнирани од Драгутин Инкриостри (1935-1937).

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 13:0022/04/2026 - 13:13

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Горан Наумовски22/04/2026 - 07:21

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ16/04/2026 - 15:53

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Горан Наумовски16/04/2026 - 13:02

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто