Седумгодишно девојче од Хонгконг се тестира за новиот вид на птичиј грип Х7Н9, бидејќи допатувала од Шангај со симптоми слични на грипот.
Ова е прв сомнителен случај на новиот вид на грипот во Хонгконг. Според агенцијата „Франс прес“ девојчето кое што е во карантин, допатувало од Шангај при крајот на март, а таму била во контакт со животни.
Министерот за здравство, Ко Винг Ман најави дека во градот ќе ги засилат тестирањата на локалните животни, но ќе ангажираат и дополнителни лица на граничните премини, за да ги прегледуваат лицата кои што доаѓаат во Хонгконг.
Елена Георгиевска