Еден од најдобрите играчи на 21 век – Роналдињо го слави својот 40-ти роденден со скара во затворот во Парагвај, пренесе „Оле“.
Легендарниот напаѓач и неговиот брат Роберто де Азис Мореира се приведени во притвор во Асунсион, откако влегоа во земјата со лажни лични карти.
Пред неколку дена, Роналдињо учествуваше на затворскиот фудбалски турнир, а неговиот тим победи и доби награда од прасе од 16 килограми.