Во Белград денес е прогласена заштита од поплави на Сава и Дунав, соопшти „Београдвода“.
Како што стои во соопштнието во наредните денови се очекува нивото на реките да се зголеми за 50 сантиметри.
За прогласување на вонредна заштита од поплави потребно е нивото на водата да биде за метар повисоко од границата за редовната заштита.
Без оглед на нивото на водата, вработените во „Београдвода“ со редовно црпење на водата, им овозможуваат користење на премините на сопствениците на сплавовите, чамците, но без подолго задржување, а паркинг просторот засега е забранет.
Елена Георгиевска