ОБСЕ ќе испрати стотици набљудувачи на јунските избори во Албанија

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека ќе испрати неколку стотици набљудувачи на парламентарните избори во Албанија, што ќе се оддржат во јуни, пренесоа американските медиуми.

ОБСЕ стравува дека долготрајните конфликти меѓу политичките партии во Албанија може негативно да влијаат врз изборите, закажани за 23 јуни, се наведува во изваштај на организацијата.

На претходните избори во Албанија имаше појави на насилство, како и прекршувања и случаи на заплашување.

Во мисијата на ОБСЕ за изборите во оваа балканска земја ќе бидат вклучени 30 долгорочни и 400 краткорочни набљудувачи, информираат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски