Реконструкција на регионалниот пат Тетово-Гостивар

Од:

Јавното претпријатие Македонија пат денеска започна со обнова на регионалниот пат Тетово – Гостивар со вкупна должина од околу 20 километри.

Според директорот на претпријатието, Гајур Кадриу, на овој пат гравитираат над 100.000 луѓе, а подолго време тој е оставен без соодветно одржување и е во многу лоша состојба.

Обновата на стариот пат Тетово – Гостивар ќе се одвива во две фази. Во првата е предвидена реконструкција на  11 километри  во траење од 12 до 25 денови во зависност од временските услови. Втората фаза дополнително ќе треба да се прецизира на ниво на претпријатието.

– Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува над еден милион евра,  рече Кадриу.

Стариот пат Тетово-Гостивар започнува од тетовската приградска населба Мала Речица, минува низ Боговиње и Врапчиште – Неготино, а завршува во Гостивар.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска