Ставрески копретседавач на македонско-руската комисија во Нижниј Новгород

Од:

Министерот за финансии Зоран Ставрески утре и задутре ќе копретседава со шестата меѓувладина македонско-руска комисија за трговско-економска и научно техничка соработка која се одржува во Нижниј Новгород, Русија.

Комисијата ќе расправа за секторот енергетика, напредокот во преговорите за приклучување на Македонија кон „Јужен тек“ и порамнувањето на клириншкиот долг со Русија преку проектот „Гасификација на РМ“.

Според Министерството за финансии, на Комисијата ќе бидат разгледани и правците и перспективите за развојот на трговско-економската соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација, како и соработката во индустријата, транспортот, земјоделството, образованието, науката и туризмот.

Копретседавач на Меѓувладината комисија од руска страна е заменик-министерот за регионален развој на Руската Федерација Максим Травников.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски