„Њу Јуроп“: Економијата на ЕУ годинава ќе се намали за 2,5 проценти поради новиот коронавирус

Од:

Економијата на Европска Унија најверојатно годинава ќе се намали на еден процент поради пандемијата со новиот коронавирус, објави весникот „Њу Јуроп“, повикувајќи се на извештај на Европска комисија.

Се проценува дека кризата со Ковид-19 ќе има големо погубно влијание врз економијата на ЕУ и еврозоната. Се очекува да се намали и растот на реалниот бруто домашен производ во 2020 година за 2,5 проценти во споредба со ситуацијата пред пандемијата, се посочува во извештајот

– Ако се има предвид дека прогнозираниот раст на реалниот БДП во ЕУ во 2020 годинабеше 1,4 проценти, тоа би значело дека ќе падне околу минус еден од БДП, што укажува дека нема да има целосна обнова во 2021 година, посочува „Њу Јуроп“.

Во понеделникот беше забележан драстичен пад на акциите на светските берзи откако банките не успеаја да го поттикнат економскиот раст и да го намалат стравот на инвеститорите. Индексите на европските фондови забележаа пад за 10 отсто.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски