Тројца загинати при подметнат пожар во романски затвор

Од:

Тројца затвореници загинаа, а двајца се повредени во подметнат пожар, што изби за време на бунтот во затворот Сату Маре, северна Романија.

Според портпаролката на затворот, десет затвореници кои делеле иста келија запалиле оган, што е изгаснат пред да се прошири. Останатите петмина осуденици не се повредени.

Се претпоставува дека повод за затворскиот бунт е откажувањата на посетите во рамките на мерките за сузбивање на пандемијата со Ковид-19.

Во Романија досега регистрирани се 260 пациенти со новиот коронавирус, од кои 19 се излекувани. Во земјата затворени се училиштата и универзитетите, рестораните и кафулињата и укинати се летовите за Италија и за Шпанија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски