Полска побарала да биде вклучена во системот на НАТО за набљудување на површината на Земјата (Alliance Ground Surveillance, AGS).
Како што објавија полски медиуми тоа ќе овозможи беспилотни авиони да собираат информации за движење на војски и за објекти крај границите.
Полска може да биде прифатена во таа програма во почетокот на идната година, објави весникот Жечпосполита.