Во Мексико почна гласањето за претседателски и за парламентарни избори, на кои право на глас имаат околу 79 милиони луѓе.
Фаворите за претседателската функција се 45-годишниот адвокат Енрике Пења Нието од Инстуционално-револуционерната партија, која беше на власт од 1929 до 2000 година и 58-годишниот кандидат на левицата Андрес Мануел Лопес Обрадор.
На трето место, според анкетите, е 51-годишната кандидатка од владејаљчката партија Национална акција на досегашниот претседател Фелипе Калдерон, Хозефина Васкес Мота.
Мексиканците денеска гласаат и за 500 пратеници и 128 сенатори. Инстуционално-револуционерната партија најверојатно ќе освои мнозинство во двата дома.