Најмалку 57 лица загинаа во поплавите во околината на Буенос Аирес во Аргентина, додека полицијата и војската и вчера пребаруваа по куќите и дрвјата со цел да најдат преживеани.
Обилните врнежи престанаа и водата започна да се повлекува, но нов проблем претставуваат безбедноста и здравјето на граѓаните во Ла Плата, град со околу милион жители, каде што вода за пиење има многу малку, а повеќе од 250.000 луѓе останаа без струја.
Многумина од нив останаа без целиот свој имот и многу се лути на политичарите кои доаѓаат во нивните домови и ветуваат помош, пренесе „Асошиејтед прес“.
Најголемата аргентинска рафинерија за нафта Енсенада, се уште не работи, бидејќи поплавите предизвикаа пожар кој противпожарните служби го гаснеа повеќе часови.
Елена Георгиевска