Научниот комитет на НАТО соодветен орган за среднорочни и долгорочни решенија за коронавирусот, порача Лоренцо Сера

Од:

Научниот комитет на НАТО би бил соодветниот орган, кој со своите истражувања може да даде свој придонес во справувањето на пандемијата на Ковид-19, но сепак тоа се среднорочни и долгорочни мерки, а во моментов важни се краткорочните мерки, кои се насочени кон брзо дејствување и спасување човечки животи.

Ова денеска го изјави шпанскиот амбасадор во земјава, Емилио Лоренцо Сера, откако шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, одговараќи на новинарско прашање дали членството во НАТО придонесува за поефикасна борба против коронавирусот, како е искуството во другите земји, дали струкутурите на Алијансата нудат одредена поддршка за членките или е оставено секоја земја индивидуално да се справува со состојбата.

-Јас сум амбасадор на Шпанија во Скопје, во Северна Македонија, не сум амбасадор во НАТО, тоа значи дека што и да кажам јас ќе биде само лично мислење и предвидување, со таа резерва ќе одговорам дека пред неколку години јас работев во секторот за научна и техничка соработка и оттаму знам дека НАТО има научен комитет и комитет за справување со предизвиците на современите општества. Сум учествувал на неколку состаноци на овие тела во Брисел, во НАТО, во тоа време почнуваа да го проучуваат проблемот на климатските промени. Уште пред триесет години беше првото истражување за климатски промени. Оттука сметам дека овој научен комитет може да биде соодветниот орган НАТО да преземе истражување на ова поле, рече Лоренцо Сера.

Истакна дека сепак треба да се направи разлика меѓу краткорочните, среднорочните и долгорочните мерки, нагласувајќи дека истражувањата се среднорочни и долгорочни мерки, а краткорочните мерки, насочени кон спасување животни значат што е можнот побрзо дејствување.

-Читајќи ги вестите има земји кои доста се напреднати во изготвувањето на вакцина, има вести и дека веќе се достапни антивирусни лекови, кои биле успешно искористени во Кина, во медиумите се говори и за клорокин кој се кроисти како лек против маларија, кој успешно се користи и за овој вирус, некои француско лекари сметаат и дека и високите дози на витамин Ц се успешни за третирање, рече шпанскиот амбасадор на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Членството на Украина во НАТО е неприфатливо

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ: НАТО стигна до границите на Русија

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО