Обвинение за 20-годишен арчиновец за неовластена продажба на марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице, на возраст од 20 години, со кој го товари дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Дрогата кај обвинетиот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново.

Наркотична дрога – марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака, со нето маса од 1007,8 грама, обвинетиот ја држел заради продажба скриена во плакар во подрумска просторија.

Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението доставил и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он