Воведена нова автобуска линија 5А

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов денеска ја промовираа новата автобуска линија 5А што ќе сообраќа од населбата Дексион во општина Ѓорче Петров до Клиничкиот Центар.

– Новата автобуска линија 5А се воведува на директно барање на жителите на Дексион и Ѓорче Петров, кои побараа уште една автобуска линија што ќе ја поврзе оваа општина со Клиничкиот центар, рече Трајановски.

Тој упати благодарност до Владата на Република Македонија за помошта за обновување на возниот парк на ЈСП Скопје без која, како што рече, немаше да бидеме во можност да ги воведеме овие нови линии.

Претходно, пред околу две години, ЈСП Скопје ја воведе и автобуската линија 22А.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он