Откриен идентитетот на 130.000 богаташи од повеќе од 170 држави

Од:

Неименуван „крт“ од офшор финансискиот сектор го откри идентитетот на илјадници лица кои имаат тајни банкарски сметки со цел да избегнат плаќање данок, објави „Гардијан“.

Британскиот весник е еден од меѓународните медиуми, кои благодарение на Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство, има пристап до хард диск со 260 гигабајти, кои содржи 2,5 милиони документи, вклучително и список со имиња на 130.000 луѓе од 170 држави. Податоците се од две офшор компании, едната во Сингапур, а другата на британските Девствените Острови.

Документите покажуваат како функционираат даночни засолништа, трансферот на пари и сомнителните операции, како и имиња на владини претставници и богати семејства од Велика Британија, од Канада, од САД, од Индија, од Пакистан, од Индонезија, од Иран, од Кина, од Тајланд, како и од поранешните комунистички земји.

На листата сопственици на офшор сметки се наоѓаат ќерката на поранешниот претседател на Филипини Фердинанд Маркос, Марија Имелда Маркос Маноток, најбогатата колекционерка на уметнички дела во Шпанија, баронесата Кармен Тисен-Борнемиса, сопругата на рускиот вицепремиер Игор Шувалов, Олга Шувалова, ќерките на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, финансиерот на минатогодишната предизборна кампања на францускиот претседател Франсоа Оланд, Жан-Жак Ожие, потоа Денис Рич поранешната сопруга на скандалозниот трговец со нафта Марк Рич.

„Гардијан“ посочува дека затаените даноци се во висина од над 32 трилиони долари.

Би можело да ве интересира

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Десничарската АФД за првпат избира кандидат за канцелар