Аргентина прогласи тридневна жалост за жртвите од поплавите, во кои загинаа неколку десетици луѓе.
Од почетокот на неделава поројни дождови ги зафатија престолнината Буенос Аурес и соседниот град Ла Плата, каде нивото на водата достигна два метра. Во Буенос Аирес загинаа осум, а во Ла Плата 46 луѓе. Бројот на жртвите постојано се зголемува.
Поплавени се првите катови на зградите, продавниците, паркираните возила. Делумно е блокирано и движењето на возовите во метрото.