Уште три слободни места за четвртфиналето во Евролигата

Од:

По одигрувањето на седум натпревари од последното коло во кошаркарската Евролига, вечерва ќе бидат познати последните три учесници во четврфиналната фаза. Пет екипи, сите од групата Ф ќе се борат за трите места кои водат во нок-аут фазата.

Од оваа група досега само Барселона се избори за влез помеѓу осумте најдобри. Од останатите, со најголеми шанси е актуелниот европски шампион Олимпијакос, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ.

Атинскиот клуб покрај предноста на домашниот терен вечерва во дуелот со Химки има и една победа повеќе од својот вечерашен противник, како и конкурентите Каха Лаборал и Монтепаски.

Во групата Е познати се сите четвртфиналисти, а тоа се: ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Панатинаикос и Анадолу Ефес.

Двојки за 14.коло од ТОП 16 фазата и табели во двете групи:

Група Е: (денеска) Жалгирис – Бросе Баскет, Уникаха Малага – Алба Берлин, Панатинаикос – ЦСКА Москва и Реал Мадрид – Анадолу Ефес.
Табела: ЦСКА Москва 10-3 (победи-порази), Реал Мадрид 9-4, Панатинаикос 9-4, Анадолу Ефес 9-4, Уникаха Малага 7-6, Жалгирис 5-8, Алба Берлин 3-10 и Бросе Баскет 0-13.

Група Ф: (денеска) Олимпијакос – Химки, Каха Лаборал – Монтепаски Сиена, Барселона – Макаби; (утре) Бешикташ – Фенербахче.
Табела: Барселона 12-1 (победи-порази), Макаби 8-5, Олимпијакос 8-5, Химки 7-6, Каха Лаборал 7-6, Монтепаски 7-6, Фенербахче Улкер 2-11 и Бешикташ 1-12.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ