Министрите за внатрешни работи на Европската унија денеска треба да се состанат во Брисел со главни теми на разговор за пандемијата на Ковид-19 и тензичната состојба на грчко-турската граница.
Министрите треба да бидат брифирани за најновите настани на надворешната граница на Европската унија со Турција, каде илјадници мигранти се обидуваат да преминат во блокот.
Официјалните претставници на ЕУ објавија минатата недела дека дополнителни погранични припадници и пари ќе бидат испратени во Атина за да спречат нелегални премини. Министрите за внатрешни работи треба да слушнат како напредува спроведувањето на мерките.
Тие исто така треба да разговараат и за справувањето со ситуацијата по избувнувањето пандемијата со новиот коронавирус, што продолжува да се шири низ цела Европа.
Италија е најтешко погодена земја во ЕУ, каде на сила се драстични мерки за стопирање на ширењето на вирусот од кој досега починаа над 1.000 луѓе.