Израелски војници синоќа при судир убија 17-годишно палестинско момче на Западниот Брег.
Во текот на оваа недела на палестинската територија е зголемена тензијата поради смртта на еден палестински затвореник.
Израелски воени извори потврдиле дека војници пукале врз неколкумина Палестинци кои фрлале „молотови коктели“ врз воена база во реонот на местото Тулкарм.
Палестински медиум објави дека израелски војници го пренеле телото на убиеното момче во локалната болница.