Американското Министерство за одбрана соопшти дека одобрило продажба на 60 борбени авиони на Јужна Кореја, во момент на најголема криза меѓу Северна и Јужна Кореја во изминатите неколку децении.
Во Вашингтон тврдат дека договорите за продажба се направени претходно. Како можни модели американски медиуми ги споменуваат Локхидов стелт Ф-35 или Боинг Ф-15.
Пентагон го известил Конгресот за можна продажба на летала како и радарски системи и електронска опрема.
Официјални лица во Сеул во следните неколку месеци се очекува да објават за кој тип авиони станува збор. Проценките се дека бизнис зделката е во вредност од околу десетина милијарди долари.