На последната „Кирилица“ со Филхармонијата настапува виолинистката Никоска

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе го одржи последниот концерт од циклусот „Кирилица“ оваа сезона под диригентство на Борјан Цанев. Со Филхармонијата ќе настапи талентираната млада виолинистка Софија Никоска.

Никоска ќе го исполни Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Макс Брух.

Оркестарот ќе ги изведе и „Финландија“ од Јан Сибелиус, Ноктурно од Џузепе Мартучи, како и македонска премиера на балетската свита „Совршен будала“ од Густав Холст.

Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп каде го почнува своето музичко образование на шест годишна возраст. Средно музичко училиште завршува во Скопје по што, на само 15 години, се запишува на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Олег Кондратенко и станува најмлад бруцош на ФМУ. Дипломира со највисока оцена – cum laude. Моментно е студент во класата на реномираниот проф. Захар Брон, во Кралската музичка школа „Кралица Софија“ во Мадрид, Шпанија.

Концертрирала во Македонија и надвор, во рамки на фествалите „Охридско Лето”, „Скопско Лето”, „Прилепско Лето”, „Гевгелиско Лето”, а во јуни 2011 беше поканета на турнејата „Stars of tomorrow“ со концерти низ Германија и Австрија од страна на организацијата “EMCY”, како и на свеченото отворање на виолинскиот натпревар Петар Коњовиќ”.

Никоска e добитник на повеќе награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска