Продолжува вербалната војна меѓу Северна Кореја и САД

Од:

Северна Кореја ќе возврати со серија одлучни воени контрамерки на провокациите од САД, се наведува во соопштението на Генералштабот на севернокорејската армија.

Во соопштението се посочува дека Северна Кореја веќе има разработено планови за воена вежба на која ќе се употреби нуклеарно оружје, авиони и нуклеарни подморници.

Претходно, американскиот секретар за одбрана Чак Хејгл изјави дека САД сериозно ги сфаќаат заканите од Северна Кореја поради нејзините нуклеарни и ракетни капацитети.

– Сериозно ги сфаќаме заканите. Правиме се што е возможно, работиме со Кинезите и со другите држави за да ги намалиме тензиите на Корејскиот Полуостров, истакна Хејгл.

Претходно, Пентагон соопшти дека во наредните недели ќе испрати систем за противракетна одбрана од балистички ракети во Гвам, Западен Пацифик. Противракетниот систем ТХААД (Terminal High Altitude Defense System) е превентивна мерка против севернокорејските закани за регионални ракетни напади.

– САД и понатаму се внимателни за севернокорејските провокации и се подготвени да ја заштитат територијата на САД, сојузниците и националните интереси, истакна портпаролот на Пентагон.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија