Кина потврди за 15 нови случаи на инфекција со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, наспроти 24 заразени еден ден порано.
Со тоа, вкупниот број на заразени лица во Кина е 80.793.
Во изминатите 24 часа 11 лица починале од коронавирусот во Кина, а 1.318 оздравеле. Од новите 11 починати, 10 се во провинцијата Хубеи. Досега се оздравени над 63.000 луѓе.