Германците се лути на демонстрантите кои што ја напаѓаат Германија и на транспарентите кои што ја поврзуваат Ангела Меркел со нацистичките симболи, покажа истражувањето „Штерна“.
Истражувањето на германскиот неделен весник покажа дека 79 проценти од Германците се навредени поради демонстраците одржани во Грција и Кипар, пренесе „Франс прес“. Само 16 проценти од испитаниците изјавиле дека оправдано се лути на Германија.
Во текот на демонстрациите во Грција и на Кипар на одредени транспаренти можеше да се забележи германската канцеларка Ангела Меркел облечена во нацистичка униформа и на со нацртале мустаќи како на Адолф Хитлер.
Елена Георгиевска