Повреден рудар во Пробиштип

Од:

Повреден е 52 годишен рудар изутрина во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Пробиштип. Рударот е со полесни повреди и е испратен на домашно лекување.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Гордана Панајотова информира дека изутрината во 8 часот во Полициската станица во Пробиштип од Итната медицинска помош пријавиле дека во 6.20 часот на укажување на лекарска помош е донесен С.Ѓ од селото Филиповци, Општина Картово, а кој при работа во рудникот во Пробиштип се здобил со повреда. Извшен е увид од страна на надлежните институции и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека пациентот е донесен во болницата, го прегледал ортопед и утврдени му се полесни повреди. Пациентот со лангета е испратен на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Божиновска: Рударите се ударни и клучни двигатели на домашната економија

Во рудник крај Пробиштип тешко повреден е рудар

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Индиските работници по повеќе од 17 дена се извлекоа од урнатиот тунел

Горан Наумовски

Пожар избувна во рудник за јаглен во Кина, најмалку 16 загинати

А1он