ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем е пред колапс, кога ќе дојдеме на власт ќе понудиме пакет мерки

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение вели дека здравствениот систем откако СДСМ е на власт е пред колапс. Според нив, здравствениот систем поради негрижата на СДСМ целосно стагнира.

„Поради ова ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе понуди пакет реални мерки преку кои здравствениот систем ќе се врати во нормала. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе значи ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи. Ќе се ревидира листата на лекови, што ќе значи повеќе бесплатни лекарства за оние на кои тие им се најпотребни.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова со која ќе воведе здравство без хартија, укинување на рецептите и услуги само со лична карта. Ова подразбира целосна дигитализација на рецепти, упати, извештаи и резултати. Дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичниот лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадената рецепта од лекарот, ќе може да се подигне во било која аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

По 12-ти април, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе ја формира својата влада ќе понуди реални мерки кои ќе помогнат во подобрување на здравствениот систем кој ќе биде подостапен до сите граѓани. Обнова на здравствениот систем следува по 12-ти април.

Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен.

СДСM не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет