Коштуница: Србија го отфрли ултиматумот на ЕУ

Од:

Лидерот на Демократската партија на Србија, Воислав Коштуница изјави дека е важно тоа што Србија го отфрли ултиматумот на Европската унија, да биде соучесник во создавањето на независно Косово и порача дека тоа е значаен чекор за воспоставување национално самопочитување и достоинство.

-Прв пат по 2008 година ЕУ слушна дека Србија може да каже не на понижувачки понуди. Затоа ова е значаен чекор за воспоставување на самопочитување и достоинство – изјави Коштуница.

Тој оцени дека, иако Србија беше изложена на голем медиумски притисок дека работата е завршена и дека Србија ќе прифати да ја уништи сопствената државност на Косово, но излезе дека Косово има поголемо значање, отколку што претпоставиле официјалните лица на ЕУ.

-Во секој случај за иднината и опстојувањето на Србија има големо значење фактот дали Запад се обидува да го земе Косово или пак Србија срамно го предаде – изјави Коштуница.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ