Руската влада почна да го применува неодамна изгласаниот закон со кој има право да ја блокира интернет содржината која ја смета илегална или опасна за децата.
Надлежните органи веќе барале од Facebook, Twitter и YouTube да ги отстрани контроверзните материјали.
Од нив било барано да отстранат видео во кое било промовирано самоубиство.
На Facebook во Русија веќе се блокирани групите кои имале теми со самоубиства, додека на Twitter се отстранети твитовите кои повикуваат на „пазарења“ на недозволени наркотични средства.