Почина писателката Тања Урошевиќ

Од:

По тешко боледување денеска почина македонската прозаистка и книжевна преведувачка, Тања Урошевиќ, соопшти Друштвото на пистаели на Македонија.

Урошевиќ е авторка на романите „Аквамарин“ (2004), „Превид“ (2008) и „Ура, Арал!“ (2019), збирката раскази „Црвена нишка, магнетен прстен“ (2009), заедничката збирка раскази со Влада Урошевиќ „Размена на пораки“ (2013) и книгата „Три новели“ (2017). Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2017 година.

Тања Урошевиќ со децении беше најквалитетна и најплодна преведувачка и афирматорка на руската книжевност во нашата културна средина.

Таа има прведено и подготвено две антологии на руски раскази: „Ѓаволијада“ и „Кристален свет“ и за македонските читатели има приопштено бројни изданија на дела од руските класици.

Ги подготвила преводите на македонски јазик на: „Мајсторот и Маргарита“ и „Театарски роман“ од Михаил Булгаков, „Доктор Живаго“ од Борис Пастернак, „Руска шума“ од Леонид Леонов, „Село“ од Иван Бунин, „Дарба“ од Владимир Набоков, „Писмата до Пастернак“ од Марина Цветаева и други.

Погребот ќе биде утре на 11 март, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта „Бутел“ во Скопје во 12 часот.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска