„Дали го сакате Дали“ нов роман од Христо Петрески

Од:

„Дали го сакате Дали“ е новиот роман од писателот Христо Петрески, објавен од издавачката куќа “Феникс“.

Ова е негов трет роман, по романите “Лифтот (не) е за двајца“ кој е награден со “Рациново признание“ и “Книжевно перо“ и “Твоите = мои очи“, со што се заокружува трилогијата негови романи посветени на градот Скопје.

Романот “Дали го сакате Дали“, е поделен на три дела: “Бел град“, “Црн град“ и “Сив град“, а на крајот има и бонус од четири белградски раскази.

Во новиот роман, како и во претходните два, Петрески, го истражува, опишува и демистифицира урбаниот живот и амбиент, со сите негови специфичности, нелогичности и тајни.

Главен лик е анонимниот, но извонреден сликар Салватор Дали, кој е всушност питач и живее во подрумите на скопската населба Капиштец. Салватор своите ликовни дела ги подарува за топла чорба или чаша алкохол, а во Белиот, Црниот и Сивиот град се случуваат и безброј други несекојдневни нешта.

Петрески, во новото дело, испишува стварносно-надреална проза, проговорува јасно и недвосмислено, жестоко и полемички, откривајќи и разгрнувајќи бројни апсурди, парадокси, случувања, појави и феномени.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање