Уставен укина два члена од Законот за високо образование

Од:

Уставниот суд на денешната седница ги укина членот 70, став 6 и членот 96, став 7 од Законот за високото образование, за кои имаше поведено постапка на 13 февруари годинава.

Членот 70, став 6 предвидуваше претседателот за Одборот на акредитација да биде именуван од Владата од редот на членовите на Одборот. Членот 96, став 7 предвидуваше ментор на докторскиот труд да не може да биде член на Комисијата за одбрана на докторскиот труд.

Укинувањето е затоа што Судот оцени дека навлегувањето на законодавецот во оваа сфера, значи кој да биде претседател за Одбор на акредитација и кој да биде член на Комисија за одбрана на докторскиот труд, значи навлегување во организационата сфера на автономијата на Универзитетот.
Подносител на едната иницијатива се проф. Слободан Унковски и други 12 професори од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а втората е поднесена од група сенатори при Сенатот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Во однос на правно мислење донесено од Комората на извршители на РМ на 4 јануари оваа година, кое се однесува на постапките за извршување на изречени казни или надоместоци на штета за сторени кривични дела „клевета“ или „навреда“, кога тие беа предвидени во Кривичниот законик, Судот по расправата ја отфрли иницијативата поднесена од Центарот за развој на медиуми од Скопје
Судот не поведе постапка за членот 77 став 3, во делот „државните службеници кои во текот на годината биле отсутни од работа подолго од шест месеци (боледување, неплатено отсуство и слично) од Законот за државните службеници.

На седницата не беше поведена постапка за Одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 3 Блок 2, локалитет АСНОМ, универзитетски центар КО Кочани, општина Кочани, од 6 април оваа година, донесена од Советот на општина Кочани.

Судиите ја отфрлија иницијативата поднесена на три одлуки донесени на општина Дојран во врска со урбанистички планови.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование