Нова книга на Наум Попески „Анегдоти“ – Згоди и незгоди на македонските писатели и деца

Од:

„Анегдоти“ – Згоди и незгоди на македонските писатели за деца е новата книга на Наум Попески, македонски истакнат писател за деца.

Книгата содржи разни згоди и незгоди на македонските писатели за деца при нивните гостувања во основните училишта, средбите со децата, како и меѓусебните разговори и досетки на самите писатели. Тука ќе ги сретнеме имињата на Ванчо Николески, Васил Куновски, Цане Андреевски, Киро Донев, Томе Арсовски, Наум Попески и уште многу други.

Ова е прва книга од ваков вид кај нас и 14-та на писателот Попески.

Авторот е член на Друштвото на писателите на Македонија и чест гостин на сите фестивали за деца во целиот регион на поранешните југословенските простори.

Книгата е финансиски помогната од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска