Македонската полиција пресече меѓународен канал на трговија со хероин

Од:

Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство (ОНТД) со Царинската управа вчера заплени околу три килограми хероин, со  што пресече меѓународен канал за недозволена трговија со хероин од Македонија до Австрија.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин во 20 часот и 25 минути на граничниот премин „Табановце“, на излез од Македонија извршен е преглед и контрола на патници во автобус со македонски регистерски ознаки кој сообраќал на редовна автобуска линија од Струга преку Скопје до Виена.

Царинската управа на Македонија употребила куче за откривање наркотични дроги при што кај лицето М.Р. (40 ) од Струга, детектирано е присуство на наркотична дрога. Во пределот на стомакот околу половината пронајдени се пет пакувања со правоаголна форма облепени со селотејп трака исполнети со прашкаста материја со кафена боја и по направено тестирање на лице место, потврдено е дека се работи за  наркотична дрога хероин.

Според соопштението, М.Р. за транспортот требало да добие 2.000 евра, од кои исплатени му се 500 евра како аванс пред патувањето, а остатокот требало да му биде исплатен откако ќе го изврши транспортот и  хероинот ќе го предаде на непознато лице кое требало да го пречека на меѓународната автобуска станица во Виена.

Пронајдената прашкаста материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи. Запленетиот хероин со висок квалитет на нарко пазарот при продажба на мало би достигнал цена од 200.000 евра.

Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство-Куманово поднел кривична пријава против М.Р. поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Лицето заедно со кривичната пријава во текот на денот ќе биде предадено на надлежен истражен судија за натамошна постапка.

ОНТД презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на евентуално други инволвирани лица.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски