(ВИДЕО) Трипуновски: Заев заради личен и партиски профит ги остави граѓаните без капка вода

Од:

„Зоран Заев заради личен и партиски профит во бизнисот со производство на електрична енергија ги остави граѓаните без капка вода. Во 2020 година заради Заев земјоделците нема да имаат вода за наводнување, а ќе има и прекини во водоснабдувањето со вода за пиење низ градовите во Република Македонија“, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Хидроакумулациите се испразнети и за повеќе од 2/3 од своите капацитети. Тиквешкото езеро е намалено за 70%. Езерото Калиманци е намалено за 75%, eзерото Турија е намалено за 65%, Прилепското езеро е намалено за 85%, Стрежевското езеро е намалено за 72,5%.
Очајна е состојбата и со Мавровското и Дебарското езеро.

Негрижата ги уништува македонските езера. На удар се граѓаните и престои проблем со водата за пиење, на удар ќе бидат и земјоделците и своите посеви, а со тоа и македонската економија.

Само за пример во езерото Калиманци моментално има нешто над 30 милиони метри кубни вода. За задоволување на потребите на земјоделското производство на потегот од Виница до Велес се потребни 100 милиони метри кубни вода. Фалат цели 70 милиони метри кубни вода кои власта наместо да ги чува ги потроши за производство на електрична енергија.

Оризарите во кочанско нема да имаат вода за да ги поплават оризите, зафат кој што се прави во месец април. Нема да има вода ни за Овчеполието, ниту за другите краеви во Република Македонија“, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата