Сите возови беа запрени или пренасочени кон другите околни градови, откако една бомба од Втората светска војна беше откриена во близина на главната железничка станица во Берлин.
Полицијата соопшти дека станува збор за бомба која е тешка околу 100 килограми. Таа е откриена на едно градилиште,што се наоѓа на околу 1,5 километри од железничката станица.
Целиот реон околу пронајдената бомба е блокиран и затворен за секакво движење, а во тек е евакуацијата на луѓето кои живеат во реонот околу бомбата.
Таа не е од најголемите што во текот на последната светска војна ги имаат исфрлено сојузниците врз Берлин и советските војници кои се движеа од истокот кон германскиот главен град, но се верува дека нејзината неконтролирана експлозија би можело да предизвика големи штети.
Експрети за експлозиви сега испитуваат дали откриената стара бомба треба да се тргне од локацијата на која е најдена, или да се изврши контролирана експлозија.
Во Германија се уште има на илјадници неексплодирани бомби и гранати од времето на војната. Пред две години три лица загинаа откако една таква бомба ненадејно експлодира.