Тенисерите сами по пешкири во Индијан Велс, момчињата за топчиња со ракавици

Од:

Момчињата и девојчињата задолжени за собирање топчиња ќе носат ракавици и нема да ги додаваат пешкирите на тенисерите, што годинашниот Мастерс во Индијан Велс го прави поинаков од претходните изданија.

Тенисерите ќе мора сами да ги земаат пешкирите од столчиња што ќе бидат поставени крај теренот, а нивните средби со гледачите ќе бидат сведени на минимум, пред се оние кои ќе сакаат да добијат автограми. Местата на кои ќе седат и ќе се движат гледачите, секојдневно ќе бидат дезинфицирани.

Во тенискиот комплекс веќе се инсталирани посебни места со 250 станици со раствор за суво миење на рацете. Организаторите со апел до гледачите кои веќе купиле билети, дека може да побараат поврат на средствата пред почетокот на турнирот, ако проценат дека е побезбедно по нивното здравје доколку не бидат на трибините.

Ваквите мерки за првиот тениски турнир од Мастерс серијата во 2020 година доаѓаат по прогласената вонредна состојба во Калифорнија и смртта на пет лица кои беа заболени од новиот коронавирус, па организаторите одлучија да имплементираат пакет мерки за заштита и на тенисерите и на гледачите.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ