Во киното „Руставели“ во грузиската престолнина Тбилиси синоќа беше отворен „Фокусот на македонски филмови“ што го организира Филмскиот фонд на Република Македонија, Кинотека на Македонија и Грузискиот филмски центар.
На отворањето беа прикажани „Избор филмови од Браќата Манаќи“, кои се и први снимки на Балканот и „Панкот не е мртов“ во режија на Владимир Блажевски.
Манифестацијата ја отворија директорите на Грузискиот филмски центар Нана Јанелидзе и на Филмскиот фонд Дарко Башески и режисерот на „Панкот не е мртов“ Владимир Блажевски.
Отварањето, како што соопшти Филмксиот фонд на Македонија, било проследено со голем интерес кај грузиската публика.
Утре во киното „Руставели“ ќе биде прикажан документарниот филм „Плати и жени“ во режија на Атанас Георгиев.