Новиот израелски министер за одбрана Моше Јалон предупреди денеска дека еврејската држава ќе одговори на сите напади врз нејзина територија.
Уште две ракети беа истрелани рано утрово од Појасот Газа врз израелскиот град Сдерот, настрадани и штети нема, истакна полициски портпарол.
– Израелската армија ја нападна Газа измината ноќ, затоа што сметаме дека движењето Хамас носи одговорност за се што е истрелано од Газа врз Израел. Нема да дозволиме на ниту еден начин спорадичната престрелка врз наши цивилни граѓани и нашите сили да стане вообичаена практика, изјави министерот.
– На Голанската висорамнина нашата политика исто така не вклучува намери да ја занемариме престрелката од Сирија врз Израел, било таа да е случајна или не, и ќе одговориме цврсто, додаде Јалон.