Рускиот претседател Владимир Путин во текот на посетата на Иваново се сретна со граѓаните на градот, а една девојка извика кон него: „Ожени се со мене“.
Рускиот претседател се насмевна, и возврати дека тоа е „убав предлог“ по што ја праша како се вика и некое време имаше разговор со неа.
Таа потоа во изјава за медиумите со насмевка рече дека одамна и се допаѓа Путин, но и дека не може да каже какви се шансите за брак со него.