Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските финансии во македонски медиуми

Од:

Унгарските финансиски операции во словенечките и македонските медиуми се најдоа на агендата на европските пратеници, идната среда на пленарна седница, Европскиот Парламент ќе дебатира за „унгарското мешање“ во медиумите во Словенија и Северна Македонија, јави дописничката на МИА.

Информацијата ја потврди словенечката европратеничка, Ирена Јовева, на својот Твитер денеска.

Во писмен одговор на прашањата на МИА, Јовева објаснува дека сознанијата од словенечкиот веб портал „Нецензурирано.си“ навеле повеќе европратеници да побараат од одговори од Европската Комисија.

-Според документите објавени на порталот, во изминатите години унгарскиот политички врв, преку една од своите банки и помагачи во Словенија водел голема меѓународна политичко-медиумска операција во С. Македонија сѐ со цел да се сруши тамошната влада, како и договорот за зачленување на земјата во НАТО, во оваа операција наводно клучна улога имале унгарските сопственици на медиумите блиски до словенечката партија СДС, кои во тоа време беа финансирани од тие фирми блиски до Виктор Орбан, објаснува Јовева.

Според објавените информации, станува збор за пренесени четири милиони евра во Словенија преку тие фирми, од кои 1,5 милион останале во Словенија, а 2,5 милиони се наменети за Северна Македонија.

-Од Европската Комисија бараме одговор да каже како ќе се осигури дека земјите членки на ЕУ не се мешаат во демократските процеси на други земји членки или земји кандидатки за членство, вели европратеничката од Словенија, која има македонско потекло.

Иако таа повеќе ја следи ситуацијата во Словенија, отколку во Северна Македонија, вели дека е уверена оти ситуацијата е еднакво лоша за двете земји во овој поглед, со тоа што Северна Македонија се наоѓа во дополнително почувствителен период со оглед на претстојната одлука на Советот за почеток на преговори како и претстојните парламентарни избори.

-Секако тие што се чувствуваат нападнати ќе речат дека финансирањето од странство е легално, но овие текови се невообичаени, да не речам спорни. Како поранешна новинарка, многу добро знам колку е важна слободата на медиумите и многу добро знам дека тие што се чувствуваат нападнати ќе одговорат со напади, можеби и на лично ниво, вели Јовева за МИА.

Спорните медиуми за кои станува збор во Словенија, се „токму такви“, додава европратеничката.

-Точно тоа е проблемот со овие медиуми за кои ќе разговараме во среда, како Нова24ТВ на пример, пропаганда на дезинформации, говор на омраза, лаги, јас не можам да го прифатам тоа како нешто нормално, на таков начин, по секоја цена, да се искажува лојалност кон „десната политика“, заклучува Ирена Јовева во своите одговори.

Партијата СДС во Словенија пред неколку дена ја доби премиерската фотелја, откако Марјан Шарец даде оставка, во фотелјата седна дологодишниот сојузник на Виктор Орбан и Никола Груевски, Јанез Јанша. Македонските медиуми во кои најверојатно се истурале овие пари се исто така блиски до Груевски, како ТВ Алфа, Курир, Република, Нетпрес.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта