САД испратија два ескадрон ракетни носачи кон Корејскиот полуостров, за зајакнување на противракетната одбрана во регионот, јави ДПА.
Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл изјави дека бродовите „Џон Меккејн“ и „Декатур“, вооружени со ракети „Иџис“, ќе бидат распоредени на однапред одредени позиции. Сепак, тој не потврди дека распоредувањето е одговор на зголемените тензии со Северна Кореја, истакнувајќи дека бродовите се испратени во регионот, а не конкретно на севернокорејските брегови.
Литл не потврди дека САД го зголемуваат военото присуство во регионот, нагласувајќи дека одговорот на САД е претпазлив, логичен и одмерен.