Спасовски – Мекгери: Со почетокот на преговори можности за поинтензивна соработка со Ирска

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски го прими нерезидентниот амбасадор на Република Ирска за нашата земја Пол Мекгери, и му посака успешен мандат и дипломатски активности во насока на подобрување на целокупната соработка од заеднички интерес за двете земји.

Премиерот Спасовски на средбата истакна дека Северна Македонија високо ја цени постојаната поддршка од Република Ирска за нашиот процес на европска интеграција, која застапува став за започнувањето на пристапните преговори со Северна Македонија колку што е можно по брзо.

Претседателот на Владата на Северна Македонија Спасовски потенцираше дека извештајот на Европската Комисија е охрабрувачки сигнал дека сите земји членки на ЕУ ќе постигнат согласност за позитивна одлука за отворање на преговорите со нашата земја како признание за реформите и за политичката одговорност на земјата да остане верна на европските вредности и на спроведувањето на договорот од Преспа и на договорот со Бугарија.

Амбасадорот на Република Ирска за нашата земја Пол Мекгери на средбата нагласи дека неговата земја останува силно на ставот дека Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на преговори за членство во ЕУ, и дека е уверен дека до тоа ќе дојде многу бргу со што ќе се отворат и можностите за поинтензивна и сеопфатна соработка меѓу двете земји во повеќе области.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски