Претседателот на Русија, Владимир Путин на руските официјални лица им даде рок од три месеци, да ги затворат своите банкарски сметки во странство или ќе добијат отказ.
Руските официјални лица мора да поднесат пријави за својата имотна состојба до 1 јули.
Шефот на кабинетот на Путин, Сергеј Иванов изјави дека оние кои имаат недвижности во странство, ќе треба да објаснат на кој начин ги купиле, додека оние кои нема да го направат тоа ќе бидат отпуштени.
Портпаролот на Путин, Дмитри Песков рече дека нема да има недопирливи.
Путин оваа мерка ја најави во говорот од декември минатата година, во рамките на борбата против корупцијата, но законите за тоа се уште не поминаа во долниот дом на парламентот, така што тој на крајот издаде наредба, наведува агенцијата „Асошиетејд прес“.
Милијарди долари руски државен и приватен капитал останаа блокирани во банките на Кипар поради криза.
Елена Георгиевска