Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави синоќа по завршувањето на седмата рунда преговори со Приштина во Брисел дека вице-премиерот Александар Вучиќ, кој беше во делегацијата на Србија, му понудил оставка, која тој не ја прифатил.
– Свесен за тежината на проблемот, Вучиќ во еден момент во текот на денот ми понуди оставка, која секако не ја прифатив, изјави Дачиќ, по 12 часовните разговори во Брисел.