Дачиќ: Не е постигнат договор

Од:

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави синоќа дека во осмата рунда од дијалогот Белград-Приштина не е постигнат догвоор на двете страни и  остануваат разликите во ставовите кога станува збор за надлежностите на идната заедница на српски општини, особено за полицијата и судството.

– Не успеавме да постигнеме целосен договор за тие теми така што…моментно немаме договор. Имаме уште некое време да постигнеме решение, изјави Дачиќ.

Како што јави Танјуг, разговорите според Дачиќ биле исцрпни и драматични не по тонот туку по она – „што се губи и добива“.

Запрашан дали Србија со таков исход може да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ, Дачиќ рече: Тоа не е најважно прашање, но стана дел од овој проблем. Очигледно доколку нема позитивен исход од дијалогот, многу тешко ќе имаме датум“.

Дачиќ следните чекори во дијалогот ги очекува следната недела и истакнува дека нема многу време.

– Не криеме ништо од нашиот народ. Она што е предлог – тешко дека некој во нормална ситуација може да го оцени како правда. Друго е прашањето дали имаме друго решение и дали имаме друга можност. Тоа е за анализа, изјави српскиот претседател на Владата.

Тој наведе дека се направени чекори во нормализација на односите со Приштина и во смисла на меѓусобно разбирање, но и понатаму постојат различни приоди како некои проблеми може да се решат.

– Приштина стравува ЗСО да не стане нова основа за сепаратизам, од друга страна нашиот народ на КИМ не прифаќа таа заедница да биде без какви било сериозни овластувања, рече Дачиќ.

Запрашан дали верува во договор, тој потсети: Еднаш реков дека само со сила може да не исфрлите од преговорите бидејќи на сите нас интерес е да дојдеме до договор, но некако недостига тој завршен удар, се уште не постои доволно високо ниво на доверба за да дојдеме до една таква крупна одлука.

Тој повтори дека Србија останува согласна за дијалог во кој било формат на кое било место, па дури и директно со приштинските власти без посредник.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ