УЕФА планира да стартува нов проект за Летна Лига на шампиони

Од:

УЕФА и американската компанија „Релевент Спорт“ се во преговори за одржување на нов клупски летен турнир во 2021 година.

Идејата е да се замени сегашниот предсезонски турнир „Интернешнл чампионс куп“, во кој се претставени најсилните европски тимови како дел од нивните подготовки за новата сезона.

УЕФА инсистира новиот турнир да има официјална природа и да се води на ист начин како Лигата на шампионите – со квалификации, групна фаза и елиминации.

Проектот е претставен пред водечките англиски тимови како што се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем и тие веќе се согласиле и ги посочиле износите, за кои би учествувале на турнирот.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година

УЕФА го казни Партизан со 40.750 евра поради инциденти со навивачите на мечот против Лугано

УЕФА ги суспендираше Мората и Родри