Русија до 2014 година ќе ја демонтира и последната атомска подморница која е повлечена од воениот состав на руската воена флота, изјави денеска Ирина Анзултова раководител на претпријатието за ремонт на бродови „Непра“, а кое исто така ќе ја демонтира и подморницата „Краснодар“ и од неа ќе го отстрани нукеарниот отпад.
Според државната корпорација за атомска енергија Росатом, од составот на руската поморска флота од крајот на 80-те години од минатиот век биле повлечени 199 атомски подморници од прва, втора и делумно од трета генерација, од тие 120 на северозападот на Русија и 79 на рускиот далечен исток.
Во Русија има само три претпријатија што се занимаваат со демонтирање на нуклеарни подморници – „Непра“ во Мурмањск, „Звјоздочка“ во Архангелск и „Звезда“ на далечниот исток. Во компанијата „Непра“ од 1998 се демонтирани повеќе од 50 подморници.