Менторот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел изјави дека sвездата на Нејмар го „пронашол својот ритам“ по тешкиот период со дресот на тимот од Париз. Бразилецот имаше тежок месец во февруари, откако испушти четири натпревари поради повреда на ребрата, а потоа се пожали дека билоставен да се одмори по враќањето на ПСЖ од натпреварот во Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд.
Следниот натпревар од Лига 1 против Бордо, Нејмар доби црвен картон и беше избркан. 28-годишниот фудбалер повторно ќе му биде на располагање на Тухел за полуфиналето на Купот на Франција против Олимпик Лион, при што германскиот ментор изјави дека во моментот е во многу подобра ментална состојба.
– Тој сега е помирен. Тој одигра добар натпревар против Бордо, но за жал доби црвен картон. Чувствувам како тој да е помирен. Тој се подготвува за утрешниот натпревар, ќе игра, потребен е. Најважно е што игра, тој е на располагање во оваа круцијална фаза од сезоната. Среќен сум што можам да сметам на него против Лион. Имаме чувство дека е подготвен, посмирен, посигурен и го пронајде својот ритам, рече германскиот тренер.